Top Sport

Алонсо: Подобар сум од Леклер и Ферстапен!

Фернандо Алонсо сезонава се враќа во Формула 1, ќе вози за Рено, а веќе следниов викенд на трката во Бахреин ќе биде првото претставување пред вљубениците во овој спорт.

Шпанецот последен пат во Формула 1 возеше во 2018 година за тимот на Мекларен, а во 2005-та, односно 2006-та година беше шампион во ова натпреварување.

Од неговото заминување од Ф1 работите се променија. Луис Хамилтон е недопирлив на врвот, а младите возачи како Шарл Леклер и Макс Ферстапен се етаблираа на сцената, станаа се посериозни.

„Одвај чекам да се вратам на патеката. Гледам некои нови возачи кои брилираа во пониските конкуренции. Ферстапен спаѓа во таа млада генерација, но се покажа како многу добар возач и ќе биде предизвик да се борам со него“ – изјави Алонсо за „ББС“.

На прашање на новинарката на овој медиум дали е добар како и младите Ф1 пилоти, шпанскиот ас без размислување:

„Подобар сум од нив“

Алонсо пред еден месец беше повреден кога на него налетал невнимателен возач додека Шпанецот возел велосипед. За среќа, се рабтеше за полесна повреда, па тој е подготвен на стартот на сезоната во Ф1.

Scroll to Top