Економската криза која е последица на пандемијата на коронавирусот негативно се одрази и врз работата на легендата на кошарката – Мајкл Џордан.
Неговото богатство во минатата 2020-та година се намалило за 500 милиони долари, па сега проценките се дека тоа изнесува 1.6 милијарди американски долари.
И покрај ова, Џордан е во друштво на 1.500 најбогати луѓе во светски рамки.
Во април минатата година неговото богатство се проценуваше на 2,1 милијарди, а падот следуваше поради пандемијата и лошите вложувања.
Џордан кој е сопственик на НБА франшизата на Шарлот Хорнетс и понатаму своето богатство го одржува благодарение на тоа што е под договор со многу светски познати брендови.
Иако поминаа 18 години откако последен пат топката ја фрли кон обрачот, патиките со неговото лого и понатаму се едни од најбараните во светот. Само од нив годишно заработува меѓу 100 и 150 милиони долари.