Фернандо Алонсо се враќа во Формула 1 следната година и признава дека со внимателност ќе ја следи кариерата на возачот на Вилијамс, Џорџ Расел, бидејќи верува дека Британецот ќе биде ѕвезда во иднина.
Расел, кој е јуниорски возач на Мерцедес, е меѓу фаворитите за место во „сребрената стрела“ во 2022 година, беше импресивен за слабиот тим на Вилијамс, и двократниот шампион Алонсо го забележи неговиот раст.
„Мислам дека во Формула 1 во моментов имаме многу талентирани возачи. Доаѓаат со голема подготовка преку академиите каде што се забележува нивниот талент од мали години. Од сите нив, Џорџ Расел ме изненадува најмногу секој викенд. Нула грешки, природна брзина. Ако морам да изберам една ѕвезда на иднината, тоа ќе биде Расел“, вели Алонсо.
22-годишниот Расел продолжи со добрите настапи и во Имола, каде што се квалификуваше на 13. место пред Себастијан Фетел во Ферари.
„Слушнав што кажа Алонсо и тоа ми значи многу бидејќи доаѓа од човек како Фернандо. Едвај чекам да се тркаме во 2020. Мислам дека ќе дојде подготвен“, вели Расел.