Top Sport

Алонсо се враќа во Ф1?

Шпанецот Фернандо Алонсо наскоро би можел да се врати во тимот на Рено, тврди новинарот на радиото „Кадена сер“, Антонио Понсети.

За Рено од наредната сезона нема да вози Даниел Рикардо кој за нов тим го одбра Мекларен.

Алонсо од Формула 1 замина во 2018 година, но никогаш официјално не објави дека става крај на кариерата во овој спорт.

Иако Рикардо има договор со Мекларен од 2021 година, новинарот Понсети тврди дека Рено во текот на оваа сезона ќе му врачи отказ на Австралиецот и неговото место веднаш ќе му го понуди на Алонсо.

Доколку се случи ова сценарио тоа ќе биде трет мандат за Алонсо во Рено тим со кој освои две шампионски титули.

Scroll to Top