Top Sport

Алонсо се враќа во Мекларен за тестирање?

Фернандо Алонсо ги израдува фановите на Мекларен споделувајќи видео од него во седиштето на тимот во Вокинг овој викенд, зголемувајќи ги шпекулациите дека неполни четири месеци по повлекувањето од Ф1 би се вратил во болидот на тестирањето во Барселона.

Алонсо стави крај на кариерата во која освои две светски титули минатата сезона, но останува близок со Мекларен и со тимот ќе се натпреварува на Индијанаполис 500 трката во обид да дојде до тројната круна. Оваа сезона тимот ќе вози со двајца нови возачи, откако си замина и Белгиецот Штофел Фандорне, и ангажирани се Карлос Саинс Јуниор и дебитантот Лендо Норис.

Шефот на Мекларен, Зек Браун неколку пати најави дека Алонсо може да „помогне“ на зимското тестирање во Барселона, а шпанските медиуми тврдат дека тој ќе биде во болидот половина ден во двете сесии.

Scroll to Top