Top Sport

Бронза за Вон во последната трка, Штухец повторно светска шампионка во спуст (видео)

Најдобрата скијачка во историјата на спортот, Американката Линдзи Вон успеа да стигне до бронзен медал во спустот на Светското првенство во шведскиот Оре, во нејзината последна трка како професионалка, додека Словенката Илка Штухец ја одбрани својата титула комплетирајќи го фантастичниот успех во кам-бекот на скијањето.

34-годишната Вон, со стартен број 3, постави најдобро време од 1:02.23, по што нервозно чекаше да поминат фаворитките за медал да дознае дали освоила одличје во својата последна трка. Минатата недела, Вон потврди дека заминува во пензија бидејќи нејиното тело „вреска“ за одмор. Таа излета во супер-џи трката во вторникот, добивајќи модринка на окото.

На првото место пак, Словенката Илка Штухец ја одбрани титулата од 2017 година, откако минатата година паузираше поради сериозна повреда на коленото. Штухец имаше време од 1:01.74, за 0.23 секунди подобро од Швајцарката Корин Зутер, додека Вон на третото место заостана 49 стотинки.

Фото: ЕПА



Scroll to Top