Сирил Абитебул, првиот човек на Формула 1 тимот Рено, потврдил дека тимот преговара со Фернандо Алонсо.
Францускиот тим, чие седиште се наоѓа во Англија, има две светски титули, двете ги освоија со Фернандо Алонсо.
Абитебул рекол дека тимот преговара со неколку возачи, а едн од нив бил и Алонсо.
„Да Алонсо е една од опциите за наредната сезона, но не и единствената. Единствено што сега можам да кажам е дека ќе оставиме времето да го одработи своето бидејќи пред нас е важна одлука. Би било чудно да избереме возач додека сезоната се уште не е готова, а новата не започнала“, рекол првиот човек на Рено.
Алонсо во кариерата забележал 32 победи, а светски првак бил во 2005 и 2006 година.