Шпанецот Фернандо Алонсо заврши како првопласиран на своето прво тестирање во Формула 1, по цели 2 години.
Тој на постсезонските тестирање возеше Рено, и беше за десетинка побрз од времето на Даниел Рикардо поставено во Абу Даби. Алонсо беше за една десетинка послаб од времето на Естебан Окон кој следната сезона ќе му биде клупски колега.
За потсетување, Алонсо потпиша договор со францускиот конструктор, а Рикардо премина во Меклрен.
На тестирањето Алонсо имаше подобро време од тест возачите на Мерцедес – Ник де Врис и Стофел Вандорн.
Шпанскиот возач извозе вкупно 105 круга или околу 600 километри.