Top Sport

Алонсо сепак го освои третото место во Џеда

Ветеранот Фернандо Алонсо сепак е трет на трката за Големата награда на Саудиска Арабија.

Алонсо во Џеда заврши зад возачите на Ред Бул, Серхио Перез и Макс Ферстапен, но по трката стјуардите го казнија со десет секунди и за трет го прогласија Џорџ Расел од Мерцедес.

Астон Мартин вложија жалба на оваа одлука и по прегледувањето на новите видео докази, стјуардите решија да ја поништат својата одлука и да го вратат Алонсо на третото место.

Така шпанскиот возач сепак стигна до јубилејниот, 100. подиум во кариерата.

Следната трка, трета во сезоната ќе се вози во Австралија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');