Тојота Газу рејсинг го објави својот тим за Дакар релито во јануари 2020, кое за првпат ќе се вози во Саудиска Арабија, и во составот е и двократниот Ф1 шампион, Фернандо Алонсо, продолжувајќи со својата „авантура“ во различните авто-мото серии.
Во фабирчкиот тим ќе има четири тима – Насер Ал-Атијах со навигаторот Матју Бомел, Жиниел де Вилиер со навигаторот Алекс Харо, Бернхард Тен Бринке со навигаторот Том Колсул и Фернандо Алонсо со навигаторот Марк Кома. Тимот на Тојота Газу се натпреварува на Дакар релито од 2012 година, и досега има три втори и две трети места.
Алонсо, покрај двете титули од Ф1, победи и на 24 Часа Ле Ман и е актуелен шампион во Светскиот ендуранс шампионат (ВЕЦ) на ФИА. Негов со-возач ќе биде Марк Кома, човекот кој има пет победи на Дакар релито како велосипедист.