Top Sport

Алпин го претстави болидот за новата сезона

Тимот на Алпин го претстави новиот болид А524, како што наведе, „иновативен и агресивен“, со кој ќе учествува во овогодинешниот шампионат во Формула 1.
Францускиот тим минатата сезона ја заврши на шестото место, откако една година претходно беше четврти.

„Мораме да продолжиме да го подобруваме тимот за да преминеме на повисоко ниво. Напредокот никогаш не е линеарен. Затоа нема да поставуваме никакви нумерички цели“, изјави директорот на тимот Бруно Фамин, пренесе Би-би-си.

Алпин минатата сезона имаше два пласмани на подиумот, Естебан Окон во Монако и Пјер Гасли во Холандија.

Примарната боја која ги содржи традиционалните бои сината и црната Аплин ќе ја носи на 16 трки, додека во алтернативната розова боја, поради главниот спонзор „BWT“, болидот ќе биде обоен на осум трки во превенството.

Предсезонските тестирања ќе се одржат од 21 до 23 февруари во Бахреин, а новата сезона ќе започне на 2 март со Големата награда на Бахреин.

Scroll to Top