Top Sport

Алпин сигурни дека Алонсо ќе зажали што ги напуштил

Шефот на Алпин Ф1, Отмар Шафнауер вели дека е сигурен дека неговиот тим ќе го победи Астон Мартин следната сезона, со што двократниот Ф1 шампион Фернандо Алонсо ќе зажали за одлуката да го напушти тимот од Енстоун, кој всушност е фабрички тим на францускиот гигант Рено.

Иако Алонсо постојано зборуваше за „планот“ кој го имаат во тимот, сепак, реши да го замени Себастијан Фетел во Астон Мартин, наводно без воопшто да ги извести во Алпин. Покрај ова Алпин се најдоа во засрамувачка ситуација кога објавија Оскар Пјастри ќе го замени Алонсо, за младиот Австралиец дда го демантира тоа веднаш.

Шафнауер вели дека како тим кој е „најдобар од останатите“, односно зад Ферари, Ред бул и Мерцедес, тие имаат огромен потенцијал.

„Ги познавам двата тима многу добро, и најверојатно го познавам Астон Мартин најдобро од сите, бидејќи бев кај нив 12 години. Во моментов, нашиот тим е на многу повисоко ниво. Секако, тешко е да се предвии иднината, но сигурен сум дека ќе бидеме уште подобри и дека ќе бидеме побрзи од тимот на Фернандо додека тој е таму“, вели Шафнауер.

Алпин вработи 75 луѓе за да се оствари целта: „Победа во првите 100 трки“ во новата ера.

„Покрај тие 75 нововработени, има и алатки кои ги развиваме, како симулаторот, зголемениот производствен капацитет, како и подобрувања на воздушниот тунел. Ќе стигнеме до таа победа. Тие работи се развиваат бргу и веќе имаме 850 вработени во тимот“, вели Шафнауер.

Scroll to Top