Top Sport

Алпине го покажа спектакуларниот нов болид

Алпине Ф1 (поранешните Рено) официјално го претставија својот нов болид, А522, со кој Фернандо Алонсо и Естебан Окон ќе се обидат да имаат подобра сезона и да го продолжат растот на тимот.

На посебната презентација во Париз беа претставени новите бои на клубот, со додатокот на розевата како дел од новиот спонзор, австриската компанија „BWT“. Болидот е дизајниран од техничкјиот директор Мет Харман и главниот технички директор Пет Фрај, и првпат ќе се вози на 23 февруари, на стартот на зимското тестирање во Барселона.

Откако се ребрендираа од Рено во Алпине, тимот ја заврши првата сезона на петтото место во генерален пласман, идентично како и во 2020.

Scroll to Top