Збогум за Рено и добредојде за Алпине Ф1 на стартот на сезоната на промоција на новите болиди за 2021 година, која започнува со францускиот тим и со нивната таканаречена „Ренолуција“.
Откако во 2020 се потврди учеството на Групацијата Рено во Формула 1 и во 2021, започна ребрендирање на тимот во Алпине Ф1, и оваа недела тие се разделија со шефот на тимот Сирил Абитебул и на негово место го поставија Лорен Роси, а поранешниот шеф на Сузуки Мото ГП тимот, Давиде Бривио доаѓа како технички директор.
Алпине, кој е стар бренд на Рено, ќе развива електрични спортски автомобили со Лотус, во слична соработка како што досега имаа Астон Мартин и Ред бул.
Тие кои се надеваа дека ќе има враќање на легендарната сино-жолта комбинација со која Фернандо Алонсо освои две титули во 2005 и 2006 година ќе бидат разочарани, бидејќи Алпине оди со сино-бело-црвена шема, како триколорката на Франција. Алонсо се враќа во тимот по едногодишна Ф1 пауза, а вториот возач на тимот ќе биде Французинот Естебан Окон со амбиции во 2021 година тимот почесто да се бори за подиуми и да се доближи до засега значително побрзите Ред бул рејсинг и секако, шампионот Мерцедес.
#Renaulution | @renault_fr is entering a new era of its rich history, turning into a Tech, Service & Energy brand.
All this with a clear objective: to create the greenest mix on the European market. ? pic.twitter.com/FFIlc9ygbS— Groupe Renault (@Groupe_Renault) January 14, 2021