Американскиот поранешен тркач, Мајкл Андрети се откажа од желбата да откупи 80 отсто од „Ислеро инвестметс“, шведската компанија со седиште во Швајцарија која го води Ф1 тимот на Заубер, кој сега се трка под името Алфа Ромео.
Претходно се веруваше дека на Американското ГП ќе биде објавен договорот со кој за 300 милиони долари, Андрети ќе стане газда на Ф1 тим, но газдата на Заубер, Фин Раусинг барал дополнителни 50 милиони долари годишно во следните пет години (платени однапред) за да може да функционира тимот.
По преземањето на тимот од Андрети, Индикар возачот Колтон Херта требаше да биде партнер на Валтери Ботас следната година, но сега најблиску до договор е кинескиот Ф2 возач Гуанју Жоу, кој има огромни спонзори зад себе.