Top Sport

Синот на Фалкао му одговори на Касано: Сите се сеќаваат на твојот капут

Џузепе Фалкао, синот на поранешниот бразилски фудбалер на Рома, Пауло Роберто Фалкао на интересен начин му одговори на поранешниот напаѓач на „волчицата“, Антонио Касано кој тврдеше дека Франческо Тоти ќе биде заборавен за 20 години.

Касано го бранеше Лучано Спалети во конфликтот со Тоти пред крајот на неговата кариера, велејќи дека само Лео Меси, Диего Марадона и Јохан Кројф се „вечни“ играчи.

Ова го испровоцира Џузепе, синот на 68-годишниот Фалкао кој пет години од 1980 до 1985 година играше во Рома и неговото презиме уште го извикуваат навивачите на „волчицата“. Со фотографија на Касано како потпишува со Реал Мадрид, тој му посочи дека се сеќава на неговиот капут.

„Анто, по 40 години има луѓе во Рим кои кога ќе го чујат моето презиме се возбудени и сакаат да зборуваат за мојот татко. Кој би можел да го заборави Франческо. П.С. Јас на пример, добро се сеќавам на твојот капут“, напиша Џузепе Фалкао.

Scroll to Top