Мерцедес, прептпладнево потврди дека Андреа Кими Антонели од наредната сезона ќе му биде партнер на Џорџ Расел. 18-годишниот Италијанец во болидот на Мерцедес ќе го замени Луис Хамилтон кој се сели во Ферари.
Антонели за кратко време ги воодушеви сите во Мерцедес преку своите настапи во Формула 2. Вчера доби шанса да вози на првиот тренинг во Монца, во пресрет на Големата награда на Италија.
BREAKING: Andrea Kimi Antonelli to race for Mercedes from 2025!#F1 pic.twitter.com/bhLN48UdRE
— Formula 1 (@F1) August 31, 2024
Тој тренинг нема да го заборави, бидејќи во петтото излегување на патеката, по само десет минути излета на влезот на свиокот Параболика и заврши во заштитната ограда. За среќа мина без повреди, а и не го оштети болидот.
(Видео) Опасен инцидент во Монца – Наследникот на Хамилтон заврши во заштитната ограда