Top Sport

Антонини: Во Ферари владее култура на притисок и страв

Алберто Антонини, кој од 2015 до 2019 година беше портпарол на Ф1 тимот на Ферари, вели дека во италијанскиот клуб мора да се среди работната култура ако сакаат да бидат ривали на Ред бул и Мерцедес, откако не можат да победуваат и покрај тоа што го имаат најбрзиот болид.

Антонини вели дека последните трки ги покажуваат слабостите на тимот кај стратешкиот дел на подготовки, додавајќи дека „премногу готвачи ја расипуваат манџата“.

„Ако зборуваме за стратегија, повеќе би сакал да зборувам за тактиката, бидејќи постои разлика. Тактика е нешто што го правиш во одреден момент, з одредена ситуација. Тактиката е битката, додека војната се добива со стратегија. Лично, мислам дека има премногу луѓе на ѕидот на Ферари. Многу луѓе кои го кажуваат своето мислење, а никој не ја носи конечната одлука. Мора да се надмине таа психолошка пречка, блокада. Со најбрз болид не треба да го копирате Ферстапен, туку треба да градите сопствена тактика“, вели Антонини.

Тој како пример ја даде сезоната 2018, кога Себастијан Фетел се бореше со Луис Хамилтон.

„Се сеќавате на Сузука во 2018? Ние излеговме на гуми за дожд, а беше суво! Тоа беше крајно засрамувачка ситуација, бидејќи луѓето бараа одговор од мене. Тука е проблем културата на тимот. Луѓето се компентентни и ја знаат својата работа, така што не мора постојано да се под притисок. Ако се нправи грешка, тоа веднаш не мора да се решава со отказ, бидејќи така не се работи во другите тимови. Кога се чувствуваш сигурен на своето работно место, работиш подобро“, додава Италијанецот.

Scroll to Top