Top Sport

Клоп на шега му „залепи“ шамар на Митровиќ

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го покажа својот респект кон Александар Митровиќ, поделувајќи му шамар во шега откако српскиот напаѓач беше најзаслужниот што Фулам одигра 2:2 со фаворитите.

Митровиќ прво даде гол со глава во првото полувреме, по што во второто полувреме извлече пенал против Виргил ван Дајк кој сигурно го реализираше, замолчувајќи ги тие кои сметаа дека тој е играч за во Чемпионшип, каде што лани постави рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона (43).

Клоп по крајот на мечот влезе на теренот да се ракува со напаѓачот, пред да му залепи и еден шамар на шега на Србинот.

Scroll to Top