Top Sport

Арагон е империјата на Марк Маркез

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои Големата награда на Арагон.

Како член на Дукати, Маркез владее на патеката „Моторленд“ – има три триумфи и во спринтот и во главната трка.

Шпанецот ја заврши трката за 41:10.969 минути. Тој го презеде водството во шестиот круг – кога го престигна тогаш водечкиот Бецеки од втората позиција, а потоа стекна убедлива предност и надмоќно триумфираше.

Маркез го забележа 103-ти триумф во кариерата во Мото ГП, а четврти во тековната сезона.

Втората позиција ја зазеде возачот на КТМ, Педро Акоста, додека подиумот го комплетираше Марко Бецеки на Априлија.

Хорхе Мартин заврши на петтата позиција, но ја задржа лидерската позиција во генералниот пласман со 256 бода, додека Маркез ја презеде втората позиција од Бецеки, Шпанецот има 237 бода, а Италијанецот 232.

Шампионатот ќе продолжи со Големата награда на Сан Марино, која е закажана од 11 до 13 септември.

Foto/ EPA

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');