Top Sport

Аривабене: Во Ферари возат вистински возачи, а не „слуги“ како Ботас

Шефот на Ферари, Маурицио Аривабене влезе во остар напад на ривалите од Мерцедес откако Скудерија ја загуби победата на Италијанското ГП преку Кими Раиконен по „умната“ стратегија на Мерцедес.

Валтери Ботас останувајќи подолго на патеката успеа да го успори Кими Раиконен на второто место, и да дозволи тој да ги „уништи“ своите гуми, по што Луис Хамилтон го претекна и стигна до победа во „дворот“ на Ферари.

„Фановите беа одлични во Италија и штета што ги разочаравме. Мораме да бидеме подобри. Меѓутоа, ние не вработуваме слуги туку вистински возачи, кои знаат да направат грешка. Ја загубивме трката поради Ботас. Фетел беше поинаква приказна, но трката беше загубена поради Ботас“, вели Аривабене за „Газета дело спорт“.

Малку чудна изјава за тим кој во минатото ги имаше ангажирано Рубенс Барикело и Фелипе Маса „исклучително“ како втори возачи за „поддршка“.

Scroll to Top