Top Sport

Хендерсон со нов долгогодишен договор со Ливерпул

Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон потпиша нов долгогодишен договор со клубот со „Енфилд“, обврзувајќи си ја иднината на „црвените“.

28-годишниот англиски репрезентативец дојде во Ливерпул од Сандерленд во 2011 година и оттогаш имаше 283 настапи и 24 гола за „црвените“.

„Како да беше вчера кога го потпишав првиот договор, но оттогаш се случија многу работи. Мислам дека напредуваме, јас како личност, но и клубот. Нема подобро место за фудбал за мене и сакам да останам тука што е можно подолго“, вели Хендерсон.

Тој ја презеде капитенската лента од Стивен Џерард во 2015 година, а оттогаш имаше 44 настапи за англиската репрезентација, станувајќи редовен првотимец во селекцијата на Герет Саутгејт.

Scroll to Top