Марко Матијачи, поранешниот шеф на Ферари, наскоро ќе се приклучи на Астон Мартин во улога на консултант, јавуваат повеќе Ф1 медиуми.
50-годишниот Матијачи, кој претходно беше одговорен за продажба на Ферари во Северна Америка, беше шеф на Ферари само осум месеци во 2014 година, откако ја презеде улогата од Стефано Доменикали, но бргу беше сменет со Маурицио Аривабене. Италијанецот станал близок пријател на газдата на Астон Мартин, Ленс Строл кога работел во САД, тврди „Ла газета дело спорт“.
Матијачи од својата 19-та година работеше во Јагуар, каде што 10 години беше шеф на маркетинг, пред во 1999 година да се пресели во Ферари за да стане главен за брендот Ферари во Америките и Блискиот Исток. Од 2016 година тој работи во „Фарадеј фјучр“, компанија за развој на електрични автомобили.