Top Sport

Златан ги прекршил КОВИД правилата, го „отворил“ ресторанот на пријателот

„Ла газета дело спорт“ тврди дека Златан Ибрахимовиќ вчера ги прекршил правилата за КОВИД-19 во Италија и дека го очекува казна.

Градот Милано е во „црвената“ зона во Италија, што значи дека сите ресторани се затворени, но Ибрахимовиќ го надминал ова ограничување со тоа што го убедил својот пријател, газдата на ресторанот Тано Симонато да го отвори за него и за неговиот пријател, поранешниот дефанзивец Игнацио Абате.

Газдата делумно ја потврдил приказната.

„Ибра, Игнацио и уште еден близок пријател дојдоа да ме видат и бевме таму неколку часа и потоа си заминаа дома. Вечера? Не, ние сме пријатели и нормално е да се видиме од време на време кога не сме се виделе долго време. Не ручаа, испивме по една чаша вино“, вели Симонато.

ANIMEFLIX animeflix safe: One Piece (Dub) (https://animeflix.nl/m/Dvp) Episode 693

AnimeHeaven free anime: Watch Jujutsu Kaisen (TV) Episode 19 (https://animeheaven.pro/m/vDVL/ep-19)

Scroll to Top