Top Sport

Астон Мартин го претстави новиот болид со големи амбиции во 2022

Астон Мартин го претстави својот нов болид АМР22 за сезоната 2022, со големи амбиции на тимот кој во минатото беше познат како Рејсинг поинт.

Претставувањето се случи во присуство на двајцата возачи на тимот, Себастијан Фетел и Ленс Строл во седиштетото на компанијата во Гејдон, Велика Британија, каде што болидот беше поставен на фабричката лента каде што се изработуваат славните англиски автомобили.

Тимот во сопственост на канадскиот милијардер Лоренс Строл (татко на Ленс), обезбеди голем спонзор во саудиската нафтна компанија „Арамко“, додека тимот доби и засилување на лидерскиот и техничкиот дел со ангажирањето на поранешниот шеф на Мекларен, Мартин Витмарш, на одговорниот за аеродинамика од Мерцедес, Ерик Бландин и на Ендру Алеси, поранешниот главен инжинер на Ред бул.

Scroll to Top