Top Sport

Астон Мартин со протест за Австриското ГП поради казните за излегување од патеката

Тимот на Астон Мартин поднесе протест против официјалните резултати на Австриското ГП, откако Фернандо Алонсо заврши на шестото место, а Ленс Строл беше 10. поради тоа што излегувањето од патеката не донело казни за сите возачи кои направиле ваков прекршок.

„Протестот тврди дека повеќе болиди не беа казнети за прекршување на членот 33.3 од спортските регулативи“, се вели во соопштението на стјуардите, посочувајќи на мерките за излегување од патеката, и се додава дека имало „над 100 вакви кругови на Австриското ГП“.

Седум возачи беа казнети со по пет секунди за ваков прекршок, во бизарна ситуација која ја одбележа трката во Шпилберг. Против казните беше и шефот на Ред бул, Кристијан Хорнер, кој смета дека возачите изгледаат како аматери поради ова стриктно почитување на правилата.

„Мислам дека тоа мора да се разгледа, бидејќи вака сите изгледаме помалку како аматери. Овие возачи, најдобрите на светот, прелесно ги прекршуваа тие граници. Или да се зголемат шиканите, или да се постави песок на тој дел од патеката за да не се преминуваат границите. Мислам дека ова беше тешко за возачите“, изјави Хорнер.

Scroll to Top