Top Sport

(Видео) Ентони Гордон ги однесе Англичаните во полуфинале на ЕП до 21 години

Aнглија ќе игра против најголемот изненадување Израел во полуфиналето на Европското младинско првенство, откако голот на ѕвездата на Њукасл, Ентони Гордон беше доволен за 1:0 победа над Португалија.

Гордон се најде на вистинското место во шестнаесетникот на Португалците во 34. минута за по асистенција на Морган Гибс-Вајт да го постигне единствениот гол на мечот. Ова беше доволно за полуфинале, каде што ќе играат со Израел, кои вчера со 1:0 беа подобри од Грузија.

Во последното четврт-финале, вечерва, првите фаворити Франција играат со Украина, а победникот од овој меч во полуфиналето ќе се судри со Шпанците, кои вчера со 2:1 ја победија Швајцарија.

Scroll to Top