Top Sport

Aуди купи малцински удел во Заубер

Германскиот производител на автомобили Ауди купи малцински удел во групацијата Заубер, објави швајцарската компанија.

Заубер е инженерска компанија која е во светот на автомобилската индустрија од 1970 година, а во Формула 1 влезе во 1993 година. Од 2018 година болидите на Заубер се натпреваруваат под името Алфа Ромео Рејсинг.

Од 2026 година Ауди ќе влезе во Формула 1 со својот фабрички тим.

„Ова е важен чекор на патот кон влезот на Ауди во Формула 1, планиран за 2026 година, во кој групацијата Заубер ќе биде стратешки партнер на германската компанија“, објави Заубер.

Според пишувањата на медиумите, Ауди постепено ќе купува пакети акции на Заубер, додека не стане сопственик на 75 отсто од акциите.

Scroll to Top