Германските медиуми тврдат дека Ауди веќе склучиле договор со Заубер, за да откупат 75 отсто од тимот, нешто што може да биде потврдено веќе на Белгиското ГП овој викенд.
Ауди е еден од двата бренда на Фолскваген групацијата кој ќе влезе во Формула 1 – Ауди ќе биде фабрички тим, додека Порше ќе склучи партнерство со Ред бул рејсинг. Швајцарскиот тим Заубер во моментов настапува во Формула 1 под името Алфа Ромео по партнерството со Ферари.
Според германските извори, поранешниот Ф1 возач Герхард Бергер е главен советник на Ауди и веќе се обидел да склучи партнерство со Мекларен, кое не успеа. Тие додаваат дека Ауди веќе се договориле и со Фин Рауслинг, ко-сопственикот на Алфа Ромео – шасијата ќе биде градена во фабриката во Хинвил, Швајцарија, додека моторот ќе се развива во фабриката на Ауди во Нојбург, Германија.