Top Sport

Аугусто Фернандез од следната сезона ќе вози во „кралската класа“

Шпанскиот мотоциклист Аугусто Фернандез, актуелниот лидер во Мото2 шампионатот, од следната сезона ќе вози во „кралската класа“. Тој ќе вози заедно со Пол Еспаргаро во фабричкиот тим КТМ „Гасгас фектори рејсинг“.

Инаку, „Гасгас“ е шпанска компанија која е дел од групацијата Пирер од 2019 година, во која се вклучени и KTM и Хусгварна, а заедно со Аспара со години се натпреварува во категориите Mото2 и Mото3.

Фернандез, пред трката во Мото2, Големата награда на Арагон, има четири поени повеќе од Аи Огура. Тој се надева дека на својот тим Ред Бул КТМ Ајо ќе му донесе втора титула по ред во овој шампионат.

Партнерот на Фернандез, искусниот Пол Еспаргаро, во тимот доаѓа од Хонда, неговото место во овој тим ќе го пополни поранешниот светски првак Џоан Мир.

Scroll to Top