Франческо Пеко Бањаја ја одбрани титулата во „кралската класа“. Возачот на Дукати победи на трката за Големата награда на Валенсија, а неговиот единствен конкурент, Хорхе Мартин на Прамак Дукати, не успеа да ја заврши трката. Шпанецот падна во шестиот круг по контактот со сонароднокот Марк Маркез.
Шест круга траеше неизвесноста околу борбата за шампионската титула, во која Бањаја влезе со 21 бод повеќе од Мартин.
Актуелниот првак имаше добар старт, ја презеде челната позиција, а Мартин беше веднаш зад него.
Забележливо беше дека Мартин е агресивен и дека на секој начин се обидува да дојде до титулата. Имаа и близок контакт, Мартин го допре задниот дел од мотоциклот на Бања, но Италијанецот со многу мака ја задржа контролата. Мартин накратко излета од патеката, но потоа се врати на осмото место.
Марк Маркез, осумкратниот шампион, на неславен начин ја заврши успешната деценија во Репсол Хонда, во текот на која стана еден од најуспешните поединци во историјата на спортот. Од следната сезона ќе вози заедно со својот брат во Гресини Дукати.
Марк Маркез трката ја заврши заедно со Хорхе Мартин.
На девет круга до крајот, Џек Милер, кој тогаш беше на водечката позиција, имаше тежок пад. Милер, со што му пропадна шансата првиот во историјата на Мото ГП шампионатот кој победил на три различни мотоцикли (Хонда, Дукати, КТМ).
На крајот Бањаја победи пред Фабиот Диџанантонио на Гресини Дукати и Жоан Заро на Прамак Дукати.