Top Sport

Бањаја со рекорд до пол-позицијата во Барселона

Возачот на Дукати, Франческо Бањаја, ќе стартува прв во саботниот спринт и во неделата на Шпанското ГП. Актуелниот шампион на патеката „Каталуња“ стигна до шестата пол-позиција во саботните квалификации благодарение на резултатот од 1:38.639 минути. Второто место го зазеде Алес Еспаргаро на Априлија, додека Мигел Оливеира на РНФ Априлија беше трет.

Бањаја постави нов рекорд на патеката, бидејќи неговиот резултат е за 47 илјадити делови од секундата подобар од претходниот најдобар настап во еден круг на „Каталуња“, од Алиш Еспаргаро.

Еспаргаро заостана 0,104 секунди зад Бањаја, додека Оливеира беше 0,109 секунди побавен од лидерот.

Четвртото место го зазеде Маверик Вињалес, исто така на Априлија, 0,133 секунди зад Бањаја, а зад нив се Хорхе Мартин, Жоан Зарко, Алекс Маркез и Фабио Ди Џанантонио.

Бањаја е лидер во генералниот пласман со 251 бод, а го следат Хорхе Мартин со 189 и Марко Бецеки со 183 бодови.

Саботниот спринт е закажан од 15 часот.

Scroll to Top