Франческо Пеко Бањаја го продолжи договорот со Дукати. Бањаја, роден во Торино во 1997 година, дебитираше во најсилната калса во 2019 година, првиот пласман на подиумот го имаше една година подоцна.
„Мојот сон беше да возам за Дукати. Среќен сум и горд што ќе го права тоа уште две сезони. Знам дека заедно можеме да постигнеме големи успеси“, рекол Бањаја.
Бањаја, шампион во Мото 2 категоријата, во најсилната класа има забележано четири победи.