Шампионот од кралската класа, Франческо Багнаја одлучи да го замени својот стандарден број 63 со бројот 1 за овогодинешниот шампионат во Мото ГП. Ова го потврди неговиот тим Дукати на на презентацијата во Мадона ди Кампиљо.
Возачот на Дукати на тој начин ќе биде првиот што ќе ја брани титулата со единицата откако Кејси Стонер го стори тоа откако ја освои својата втора титула во 2011 година.
Последен возач кој успешно ја одбрани шампионската титула со „кецот“ беше Мик Дуан во 1998 година, кога ја освои последната титула во најсилната категорија.
Со оглед на тоа што возачите на Moto ГП се во позиција да избираат бројки со кои ќе се тркаат, историски ретко се случувало тие да го стават „кецот“ по освојувањето на титулата.
Двајца најдобри во историјата, Валентино Роси и Марк Маркез, никогаш не го направиле ова. Во последните 20 години, само Ники Хејден во 2007 година, Стонер двата пати, како и Хорхе Лоренцо по освојувањето на титулата во 2011 година решија да го сменат бројот.
Шампионатот во Мото ГП започнува со Големата награда на Португалија на 26. март.