Top Sport

Бањаја: Не сум јас виновен за падот

Светскиот шампион во класата Мото ГП, Франческо Бањаја, не заврши две од трите трки во првенството. Италијанецот падна во Аргентина, а истото му се случи и вчера во Остин.

Бањаја претходно ја освои пол-позицијата со рекорден круг, а потоа и победи во спринт трката. На трката во Остин падна во осмиот круг.

На последните две трки Бањаја „во ветер“ фрли 45 поени, поради што има 11 поени помалку од лидеот Марко Бецеки.

„Не знам што се случи. Овој викенд направив, не знам колку кругови, 80 или 100… Притискав, ги контролирав возењата и собирав информации за однесувањето на мотоциклот секогаш кога го испуштав предниот дел од него. Имав целосна контрола на трката и тогаш паднав. Многу сум лут, но не на себе, бидејќи 100 отсто сум сигурен дека тоа не беше моја вина. Во Аргентина признав дека бев на работ, но овој пат не беше така“.

Бањаја додаде дека неговиот пад останува мистерија.

„Се случи нешто чудно, но не се работи за ладна гума или налет на ветер“, објасни возачот. „Треба да откриеме што се случи со моторот, бидејќи го имаме најдобриот мотор во Мото ГП. Но, ако паднам и не знам зошто се случи, тоа е лошо. Јас изгубив 45 поени за два викенда“.

Според светскиот шампион, главната причина за неговиот пад може да биде недостатокот на повратни информации од моторот, бидејќи изгледа многу стабилен и пилотот не добива предупредување дека може да го изгуби „тлото под тркалата“.

 

Scroll to Top