Пeко Бањаја триумфираше на трката за Големата награда на Шпанија што се возеше на легендарната патека Херес. Тој ја продолжи својата доминација од вчерашните квалификации и без проблеми ја одржа предноста пред Фабио Квартараро.
Сепак, Квартаро мора да биде задоволен од второто место затоа што со новите бодови се осамостои на врвот во генералниот пласман.
На подиумот во Шпанија се искачи и Алеиш Еспаргаро, кој сега е и второпласиран во генералниот поредок.
Маркез на крајот заврши четврти откако го мина Милер во последниот круг.
Hats off @PeccoBagnaia! ?
That was an INCREDIBLE ride! ?#SpanishGP ?? pic.twitter.com/fQVOdmVStv
— MotoGP™? (@MotoGP) May 1, 2022