Top Sport

Бањаја со рекорд до пол-позицијата во Портимао

Франческо Бањаја ќе стартува од пол-позицијата на Големата награда на Алгарве. Возачот на Дукати до пол-позицијата дојде со рекордно време на патеката во Портимао.

Франческо Бањаја, петти пат во низа, ја освои пол-позицијата во најсилната класа. Тој постави рекорд на патеката 1:38.725 минути.

Место во првиот ред на стартот, покрај Бањаја, изборија неговиот тимски колега Џек Милер и Џоан Мир од Сузуки.

Во вториот стартен ред се Хорхе Мартин (Прамак Дукати), Џоан Зарко и Пол Еспаргаро (Репсол Хонда).

Новиот светски првак, Фабио Квартараро, трката ќе ја започне од третиот ред, заедно со Алекс Маркез и Франко Морбдели.

Трката во Портимао ќе се вози утре од 14 часот.

Scroll to Top