Дукати и неговиот сателитски тим Прамак Рејсинг Дукати ги објавија имињата на возачите кои ќе возат за овоие тимови наредната сезона во Мото ГП шампионатот. За Дукати ќе возат Џек Милер и Франческо Бањаја , додека Прамак ги потврди Жоан Зарко и Хорхе Мартин.
Ова значи дека Милер и Бањаја од стателитскиот ќе се преселат во фабричкиот тим на Дукати. Од претходно беше познато дека Милер ќе вози во Дукати, а тимот денес потврди дека Бањаја ќе го наследи Андреа Довициозо.
Во исто време Прамак го потврдија трансферот на 30 годишниот Зарко од Авинтија, додека Мартин во „кралската класа“ доаѓа од Мото 2 шампионатот.
Welcome onboard @PeccoBagnaia! | It’s official ? Francesco ‘Pecco’ Bagnaia joins forces with the Ducati Team for the 2021 @motogp season alongside @jackmilleraus.#PeccoOfficial #ForzaDucati pic.twitter.com/MSJyCyZfB6
— Ducati Corse (@ducaticorse) September 30, 2020