Поранешниот Ф1 возач, Рубенс Барикело се опоравува откако викендот го помина во болница откако му се слошило во саботата.
Бразилецот, кој во кариерата возеше322 ГП трки за тимови како Ферари и Браун ГП, вели дека почуствувал страшна главоболка во саботата, но дека медицинските проверки поминале добро и дека наскоро ќе се врати на тркањето. Тој не даде детали што точно му било, освен дека сериозната главоболка била предизвика поради проблеми со вените.
„Гледам дека сите се загрижени откако подолго време не постирав фотографии. Во саботата станав и решив да се истуширам бидејќи имав страшна главоболка. За среќа, мојата сопруга беше тука и веднаш повика еден пријател кој е доктор и тој ме однесе во болница. Имав мали проблеми со вените, но се чувствувам одлично. Наскоро повторно ќе се тркам. Благодарам за пораките за поддршка“, изјави Барикело.
Откако се повлече од Ф1, Барикело се натпреваруваше во Инди кар и во бразилските тркачки серии, а во последно време е концентриран на тркачката кариера на неговиот син, Едуардо.