Top Sport

Бастијанини од следната сезона во Дукати

Енеа Бастианини од следната сезона ќе вози за фабричкиот тим на Дукати во Мото ГП шампионатот. Талентираниот Италијанец, во тимот ќе му се придружи на својот сонародник Франческо Бањаја.

Оваа одлука се чекаше некое време откако Џек Милер, актуелниот возач на Дукати, потврди дека следната сезона ќе вози за тимот на Ред Бул КТМ. Дукати размислуваше меѓу Бастианини и Хорхе Мартин, изборот падна на помалдиот возач.

„Воодушевен сум што сум во фабричкиот тим на Дукати. За мене ова е остварување на сонот. Ви благодарам на сите за можноста“, изјави Бастианини.

 

Scroll to Top