Top Sport

Батон: Не сум плејбој, за тоа е виновен Флавио Бриаторе

Светскиот шампион од 2009 година, Џенсон Батон вели дека неговиот поранешен шеф во тимот на Бенетон, Флавио Бриаторе е виновен за имиџот на плејбој кој го следи Британецот од времето кога беше Ф1 возач.

Батон се пресели од Вилијамс во Бенетон во 2001 година, но односите со Бриаторе постојано беа незгодни. Италијанскиот шеф на тимот го нарече Батон „мрзелив плејбој“ по седмото место на Монако ГП трката, и Батон вели дека овој коментар го следел цела кариера.

„Тоа започна со изјавата на Флавио во Монако. Завршив седми, нешто што сега е одлично во Ф1, но тогаш беше надвор од поени. Флавио даде интервју без да зборува со мене. Кажа: ‘Мислам дека размислуваше дали да купи нов стан или јахта, затоа беше седми’. Всушност, имав проблем со управувањето од стартот на трката, а рацете ме болеа. Шефот, кој треба да те поддржи, го кажува тоа. Очигледно, потоа тоа стана постојана болка“, признава Батон.

Батон потоа во 2003 година се пресели во БАР-Хонда, додека Фернандо Алонсо го зазеде неговото место. БАР во 2009 стана Браун ГП, и му даде болид со кој Батон ја освои светската титула.

Scroll to Top