Top Sport

Мурињо: Од сите тренери на светот, само Почетино е задоволен од својот состав

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо на шега вели дека единствен тренер кој е целосно задоволен од својот состав е првиот човек на Пари Сен-Жермен, Маурисио Почетино.

И покрај тоа што клубовите беа тешко погодени од пандемијата на КОВИД-19 и недостатокот на финансии, летниот преоден рок беше одбележан со неколку „бомби“, од кои во прв план беа ПСЖ, кои ги донесоа Лионел Меси, Серхио Рамос, Жоржињо Вајналдум, Џанлуиџи Донарума и Ашраф Хакими и на недела дена пред крајот, Мурињо беше запрашан дали му требаат уште играчи.

„Кога ќе кажам дека сѐ може да се случи на пазарот, мислам дека вратата ќе биде отворена и за пристигнувања и за заминувања, иако во овој момент е подотворена повеќе за заминувања. Дали знаете тренер кој е целосно задоволен со својот состав? Можеби, Почетино, и никој друг“, вели Мурињо.

Scroll to Top