Поранешниот газда на Формула 1, Берни Еклстоун потврди дека ќе стане татко по четврти пат на 89 години!
Англичанецот во моментов е во Бразил на неговата плантажа за кафе на северот од Сао Пауло во домашна изолација поради корона вирусот. Тој ќе наполни 90 години во октомври, но претходно ќе стане татко по четврти пат со сопругата Фабијана Флоси.
„Да, чекаме бебе во текот на летото. Се надевам дека бргу ќе научи да игра табла“, изјави Еклстоун за швајцарскиот весник „Блик“.
Ова ќе биде четврто дете на Еклстоун и прв син. Со првата сопруга Ајви Бемфорд тој ја има 65-годишната ќерка Дебора, и две ќерки Тамара (35) и Петра (31) со втората сопруга, Хрватката Славица Радиќ.
Неговата сопруга, Фабијана исто така ја потврди веста.
„Како и сите родители имаме само една желба – детето да се роди здраво. Се надевам дека ќе има интерес да прави нешто во Формула 1“, изјави Флоси.
Еклстоун вели дека по крајот на работата во Формула 1 „имал многу време да вежба“.
„Сакам само да биде океј со Фабијана и со бебето доколку изолацијата продолжи подолго време. За среќа на фармата секогаш има работа, а Фабијана се грижи за плантажата за кафе“, додава Еклстоун.