Top Sport

Бецеки победи на Тајланд, браќата Маркез не ја завршија трката

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, триумфираше на Големата награда на Тајланд, со која започна овогодинешниот шампионат во Мото ГП.

Италијанецот, ја забелажа третата последователна победа во кариерата, со што стана првиот возач на Априлија со ваков подвиг. На патеката „Чанг“ во Бурирам, Италијанецот победи пред Педро Акоста од КТМ и Раул Фернадез, возач на Трекхаус. Актуелниот првак, Марк Маркез ја заврши трката на шет круга пред крајот, а набргу трката заврши и за вице-првакот, неговиот помлад брат Алекс.

Со исклучок на почетните кругови, носителот на пол-позицијата, Бецеки, во ниту еден момент немаше проблем да ја задржи првата позиција и на крајот да дојде до седмата победа во кариерата, во „кралската класа“. Пет секунди зад него беше, подникот во вчерашниот сприн, Акоста, а Фернандез беше дополнитечни пет секунди за возачот на КТМ.

Во Буринам заврши на неверојатната серија на Дукати. По 1.798 дена ниту еден возач од италијанскиот тим не стигна до подиумот. Претходната трка без Дукати на подиумот беше Големата награда на Велика Британија во 2021 година. Тој ден, возачот на Јамаха, Фабио Квартараро, триумфираше пред Алекс Ринс на Сузуки и Алес Еспаргаро, кој тогаш ги бранеше боите на Априлија.

Шампионот Маркез се откажа, поради проблем со гумата, во тој момент се бореше за третото место, без шанси да дојде до победата.

Зад возачите кои завршија на подиумот, на четвртото место завшри шампионот од пред две сезони, Хорхе Мартин. Шпанецот, кој има тешка сезона зад себе, обележана со бројни повреди, најавува враќање во препознатливата форма.

Шампионатот во Мото ГП продолжува со Големата награда на Бразил на патеката „Аиртон Сена“ од 20 до 22 март.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');