Себастијан Фетел ќе го „прескокне“ најновото издание на „Трката на шампионите“, кое во јануари ќе се одржи во Ријад, Саудиска Арабија.
Возачот на Ферари е постојан учесник на натпреварувањето во кое повеќе возачи од различни тркачки категории се натпреваруваат меѓу себе со различни автомобили и машини.
Според „Спорт билд“, наместо да ужива во трката, Фетел планира да ги започне подготовките за 2018 година порано и ќе работи на симулаторот на Ферари во Маранело.
„Мојата цел е да се крене Ферари на врвот. Би било магично да се врати титулата во Маранело, исто како што направи Михаел Шумахер. Тој уште е моја инспирација“, изјави Фетел за „Спорт билд“.