Луис Хамилтон се уште не донел одлука дали, наредната сезона, ќе се натпреварува во Формула 1, објави Би-би-си. Според овој извор, седумкратниот шампион, бил огорчен од начинот на кој ја изгуби титулата од Макс Фестапен, во последните кругови на трката во Абу Даби.
„Хамилтон ја загуби довербата во ФИА, смета дека погрешно биле променети правилата околу безбедносното возило.Тој има цврст став дека нема да седне во болидот се додека ФИА не му објасни што се случи во последниот круг од трката. Хамилтон има целосна поддршка од Мерцедес“, тврди Би-би-си и додава дека Хамилтон му можел да се повлече од Формула 1 доколку не биде задоволен со објаснувањето.
ФИА, објави дека резултатите од интерната истрага ќе ги објави пред почетокот на сезоната, која ќе стартува од Бахреин на 18.март. Првите тестирања ќе започнат на 23.февруари.
ФИА, до почетокот на сезоната, нора да ја реши и судбината на Мајкл Маси, кој со толкувањето на правилата директно влијаеше врз крајниот епилог на трката.
Би-би-си, повикувајќи се на свои извори, вели дека ФИА ќе го смени Маси.
Хамилтон, минатата година, потпиша договор со Мерцедес до 2023 година.