Top Sport

Биндер обожава спринт, победи во Херез

Возачот на КТМ Рејсинг, Бред Бајндер, триумфираше на четвртата спринтерска трка од сезоната во Мото ГП шампионатот, која се возеше за Големата награда на Шпанија.

Јужноафриканецот ја извојува втората победа во спринтот сезонава во Херез, откако претходно беше најдобар во Аргентина.

Овој пат, Бајндер славеше со четири десетинки предност пред Франческо Бања на Дукати, додека Џек Милер, тимскиот колега на јужноафриканскиот мотоциклист, се најде на третото скалило на подиумот.

Битката за победата во Херез беше решена во самиот финиш, во дуелот на двајцата возачи на австрискиот тим, бидејќи Милер беше тој што водеше во поголемиот дел од трката.

Таа имаше два старта, бидејќи веќе во вториот свиок по првиот старт беше забележан голем инцидент во кој Франко Морбидели изгуби контрола и го исфрли Алекс Маркез, а надвор од патеката завршија и Марко Бецеки и Аугусто Фернандеш.

Scroll to Top