Top Sport

Биното: Договорена е саботна мини-трка наместо квалификации

Шефот на Ферари, Матија Биното тврди дека сите тимови (вклучувајќи го и неговиот) се согласиле во иднина наместо квалификации со три степени да има мини-трка која ќе го одлучува стартниот распоред на неделната трка.

„Сите тимови, заедно со Ферари кажаа да на тој предлог, така што верувам дека во 2020 година тоа ќе биде воведено“, вели Биното за „Ла газета дело спорт“.

Оваа изјава најверојатно значи дека договорот ќе биде потврден следната сезона, додека промените ќе се случат во 2021 година, кога на сила ќе стапат и новите правила во спортот, за кои ФИА, тимовите и газдите „Либерти медија“ уште дискутираат.

Со овој предлог, наместо квалификации, во кои возачот со најдобар круг во третите квалификации ќе биде на пол-позицијата, ќе има мини-трка која ќе го одреди распоредот.

Scroll to Top