Top Sport

Пуки е „ѕвер“ – Финецот e прогласен за играч на месецот во Премиер лигата

Финскиот напаѓач на новиот премиерлигаш Норич, Тему Пуки ја доби наградата за најдобар играч во Премиер лигата за август, откако постигна пет гола во четири меча.

Пуки погоди против Ливерпул во поразот од првото коло, по што постигна хет-трик за победа над Њукасл, а потоа стрелаше и во поразот од Челси. Покрај ова, тој имаше уште една асистенција, откако лани постигна 28 гола во Чемпионшип.

„Ова е голема чест. Стартот на сезоната е одличен и сега ни требаат повеќе поени. Оваа награда е за моите соиграчи“, вели Пуки.

Покрај ова, Пуки имаше одличен скор и за финската репрезентација, за која постигна пет гола во четири натпревари, вклучувајќи го последниот при 2:1 поразот од Финска.

Scroll to Top