Top Sport

Биното ја правда тактиката на Ферари: Во Формула 1 мора да сте храбри

Шефот на Ферари, Матија Биното, ја бранеше одлуката на тимот да го повика Шарл Леклер во боксот во последните кругови од Белгиското ГП, додавајќи дека тимот нема да престане со „храбриот“ пристап кон стратегијата.

Леклер беше сигурен на петтото место пред во претпоследниот круг да влезе во боксот за „меки“ гуми во обид да го постигне најбрзиот круг на трката, но тој излезе од боксот пред Фернандо Алонсо во Алпин, кој потоа го претекна. Иако Леклер ја врати позицијата во последниот круг, не постави најбрз круг, а беше и казнет со 5 секунди поради тоа што возече 1 км/ч побрзо од дозволеното во боксот, по што сепак беше на шестото емсто.

Алонсо, кој се тркаше за Ферари од 2010 до 2014, ја опиша одлуката на Ферари како „чудна“, но Биното вели дека имало логика да се обидат.

„Морате да бидете храбри во Формула 1. Имаше шанса да го поставиме најбрзиот круг и маргина пред Фернандо, така што тоа беше вистинск одлука. Знаевме дека ќе биде блиску до Фернандо, но токму затоа Шарл можеше да има дополнителна брзина со ДРС системот“, објаснува Биното.

Казната од 5 секунди го „дотепа“ Леклер: Не сум сигурен дали сум во трката за титулата

Scroll to Top